Четврток, Февруари 22, 2018
Големина на фонт

За Нас

Основање

  • 1998

Почетоците на бендот датираат од 1998 година, Скопје, Македонија, кога на основачите Драган Јовановиќ - Гајо и Златко Бојаџиев им се придружуваат, сега веќе бившите членови: Никола Николовски-Бурдуш, Марјан Јовановски и Скендер Амет. Од 2000 година, шестти член на групата станува Спасе Попов. По ненадејната смрт на хармоникашот Скендер Амет во 2001 година, неговото место го пополнува Душко Божиновски. Пред крајот на 2006 година, бендот го добива составот кој го има до денес, кога на местото на Николовски и Јовановски, кон бендот пристапува Васил Потиров.

Настапи

Покрај регуларните настапи во многу реномирани локали ширум татковината по кои е препозназнатлив овој бенд, виртуозните музичари на „ЧАРДАШ БЕНД“ се заштитен знак за пријатна атмосфера и добро расположение и на разни други свечености и настани: свадби, семејни веселби, домашни прослави, коктели, приеми во амбасади, јавни манифестации, телевизиски емисии... По потреба, освен акустични инструменти, музичарите користат и професионални електрични инструменти и озвучување. Во некои прилики редовната постава се засилува со тапанар и солист на дувачки инструменти. Освен во Република Македонија, бендот настапувал и надвор од границите на државата и тоа во: Словачка-Кошице, Високи Татри и Братислава, Бугарија-Пазарџик, Хрватска-Загреб Словенија-Велење, Германија-Хамбург, Ср Србија-Белград, Австрија-Виена и други.

Дискографија

    Во 2003 година, бендот го издава првото ЦД со снимени македонски староградски песни, во продукција на Македонската радио-телевизија. "ЧАРДАШ БЕНД“ во 2006 година го издава и второто ЦД, овој пат со инструментална музика. Во подготовка е снимањето на третото ЦД со коктел песни од поранешниот УU-простор и Балканските простори.

    Признанија

    Во времето кога Амбасадор на ЕУ во Македонија беше португалецот Пинто Тешеира, "ЧАРДАШ БЕНД“ беше прогласен за официјален оркестар на Амбасадата на ЕУ.